Јован Илиески

Психолог. Писател. Психотерапевт.

Напишани Светови

0
Книги
0
Продадени

Избрани Дела

приказни кои посебно допреле до читателите

Соба 610 cover
психотрилер

Соба 610

Култура (2021) / Антолог (2025)

Достапност: Достапна на Антолог.мк

Колку може еден човечки ум да биде непредвидлив? Непозната жена го пријавува нејзиниот сопруг за исчезнат, по изминати триесет часа. Прочуениот инспектор во Верона, почнува да работи на случајот, но никој не го предупредува од неочекуваното, сè додека полицаецот Пелегрини не му каже дека таа жена е многу добро позната на полицијата. По нејзиното заминување од станицата, градот на љубовта, преку ноќ се претвора во градот на измамата, скриените тајни, манипулирањето со потсвеста. Мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг достигнува напрегнат психолошки пресврт кој си игра со здравиот разум на секој лик во приказната, a најмногу со нејзиниот. На крајот, колку ќе го чини злосторникот, ако биде жртва на сопствениот хаос?

Седум часот и педесет минути cover
психотрилер, историска фикција

Седум часот и педесет минути

Антолог (2024)

Достапност: Антолог.мк

Асли е сопруга на Иштар Азим, очајна да се оствари во улога на мајка. Иштар сè уште не може да ја преболи смртта на сестра му, така што нејзиниот дух е причината за нивниот нарушен брак. Тој е сега препознаен од цела земја и пошироко. Неговата единствена издадена книга, ги руши рекордите на читаност. Неочекувано, пред да настапи зимата, во седум часот и педесет минути, Истанбул го засенува најголемата трагедија во историјата. Додека владата се обидува да го спаси градот од пепелта, почнуваат да се навраќаат прашања од минатото. Вистината за мртвиот Осман Џалал, деталите во објавениот роман, исчезнувањето на девојките од брегот и една од најдлабоко закопаните тајни во подземјето на Византион. Седум часот и педесет минути е продолжение, со испреплетени два поларитети на градот – истанбулската елита и дупката на Мраморното море од каде што се раѓа трговијата со органи. Како и тајната реликвија на Ватикан, стара илјадници години, покриена со брановите на Босфорот. Богато разјаснувачко завршување на митот за Камила Џалал, кое само по себе отвора историски прашања на кои овој роман има деликатен одговор.

Ilievski Author

За Авторот

Јован Илиески е дипломиран психолог и гешталт психотерапевт, по вокација писател, а по душа вечен раскажувач. Вљубеник во несекојдневните приказни скриени во секојдневниот живот.

Прочитај повеќе