Книги

Истражете ги сите

Душа на парче хартија cover
збирка раскази

Душа на парче хартија

самостоен издавач (2012)

Достапност: Книгата е достапна само да се купи лично од авторот преку порака

Ти се лутам затоа што не ми го знаеше срцето. Ти се лутам затоа што не ми прочита од очиве. Ти се лутам зошто не ми се лутеше и ти се лутам зошто не ме љубеше. Ти се лутам затоа што не ја живеевме нашата приказна. А прерано си отиде. Ти се лутам. Лут сум ти. Лут сум ти затоа што не дозволи да напишеме приказна заедно. Сега вака ќе се сретнеме еден ден нечии или ничии, и борбата ќе биде во тоа кој ќе издржи да не заплаче.Требаше на време да мислиш, луда главо. Никогаш нема да ти го простам, тоа што дозволив да ми се случиш. Ти се лутам. Ама треба да знам, да не се лутам на тебе и на таквите ко` тебе и да те разберам, оти не секој е писмен да чита меѓу редови.

Кругот на животот cover
семејна драма

Кругот на животот

Матица (2014)

Достапност: Достапна бесплатно на МАКЕДОНИКА.МК и во библиотеки низ Македонија.

Кога се е добро и тече како што треба, не очекуваш да се разочараш од ништо. Но, што кога се ќе се испреврти и животот ќе те земе во канџите на неговата темна страна, што тогаш? Дали ќе бидеш онаму каде што сакаш или онаму каде што треба да бидеш? Прашање на судбината. „Кругот на животот" е роман, чија филозофија е животниот циклус низ кој поминува секое живо битие на овој свет. Но, оваа книга не е само за животниот циклус во врска со анатомијата и организмот на човечкото тело. Во оваа книга се крие многу повеќе од тоа. Се крие животната приказна на едно повеќечлено семејство, за кое не се зборува во множина. Тука станува збор за секој одделен член кој ќе ви претставува оксиморон при секое читање, а на крајот ќе се испреплетат нивните животни патишта. Секој одделен член е приказна за себе и различно доживување за животот. Овој роман ја преточува смислата на животот во смислата на љубовта. Затоа на крајот се се сведува на она што сите ние сме само луѓе, пијани поради помислата дека љубовта, само љубовта може да ја излечи нашата болка. Овој роман ќе ве научи дека се е во надежта. Некогаш, завршува добро, а некогаш, создава бескрајна мизерија без дно, во која ние самите упорно се давиме. Роман со кој заедно ќе плачете и ќе се радувате во тишина. Роман со тага, болка во тишина, немерлива среќа и неограничена љубов која ќе ве остави без зборови. Роман со среќен почеток, а непредвидлив крај. Веројатно крај, каков што никој не очекува.

Сенки на полноќ cover
психотрилер

Сенки на полноќ

Матица (2016)

Достапност: Книгата може да се најде само во библиотеките ширум Македонија

Тој - успешен адвокат. Таа - роб на сопствената судбина. Нејзиниот најголем страв е да ја стигне она од кое најмногу се плаши. Тие се љубат. Не можат еден без друг. Но, не можат и еден со друг. И пресвртот се случува ноќта, кога ништо не е како порано. Тој се плаши да се разбуди, оти неговите стравови ќе станат реалност. Тој се бори со своите демони, а таа стравува да не го дочека утрото. Тогаш, неговите очи се отвораат. И утрото, тој сфаќа - неа ја нема. Неговиот живот доживува пресврт кога тој сфаќа дека нема избор, освен да се помири дека неа никогаш нема да ја врати. Сфаќа дека иако ја љуби, треба да се откаже од неа, ама подоцна и од самиот себе. А потоа...

Ноќта кога ја напуштив Прага cover
историска фикција

Ноќта кога ја напуштив Прага

Култура (2019)

Достапност: Достапна само во библиотеки; наскоро ново издание во Антолог.

Напуштајќи го нејзиниот роден град, Ингрид со себе го зема само нејзиниот син, знаејќи дека тоа е единственото нешто кое ѝ преостанало. Додека ги собира спомените од нејзиното минато кои ѝ го гребат срcето, налетува на човек кој го разбранува и најмалото парче љубов што останало во неа. Гледајќи да направи сѐ за иднината на нејзиниот син, Ингрид е подготвена да го прегази и споменот на нејзиниот починат сопруг. Во пресрет на новата љубов и катастрофата која го зафаќа светот, Првата светска војна, освен во историјата, ќе стави точка и на кулминаcијата во нејзиниот живот. Приказна од времето на аргатувањето, истрелите на куршумите и ртвите што ги носи војната со себе, па сѐ до времето на создавањето на :ехословачката Република и влијанието на Коко шанел во борбата на жената за нејзините човечки права. Ова е приказна за една мајка која се бори за нејзиниот син, за нејзината љубов...

Соба 610 cover
психотрилер

Соба 610

Култура (2021) / Антолог (2025)

Достапност: Достапна на Антолог.мк

Колку може еден човечки ум да биде непредвидлив? Непозната жена го пријавува нејзиниот сопруг за исчезнат, по изминати триесет часа. Прочуениот инспектор во Верона, почнува да работи на случајот, но никој не го предупредува од неочекуваното, сè додека полицаецот Пелегрини не му каже дека таа жена е многу добро позната на полицијата. По нејзиното заминување од станицата, градот на љубовта, преку ноќ се претвора во градот на измамата, скриените тајни, манипулирањето со потсвеста. Мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг достигнува напрегнат психолошки пресврт кој си игра со здравиот разум на секој лик во приказната, a најмногу со нејзиниот. На крајот, колку ќе го чини злосторникот, ако биде жртва на сопствениот хаос?

Татко ми, Босфор cover
историска фикција, психотрилер

Татко ми, Босфор

Антолог (2022)

Достапност: Антолог.мк

На самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Oсманлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни. Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг. Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот. Што имаат заедничко девојките со исто име?

Седум часот и педесет минути cover
психотрилер, историска фикција

Седум часот и педесет минути

Антолог (2024)

Достапност: Антолог.мк

Асли е сопруга на Иштар Азим, очајна да се оствари во улога на мајка. Иштар сè уште не може да ја преболи смртта на сестра му, така што нејзиниот дух е причината за нивниот нарушен брак. Тој е сега препознаен од цела земја и пошироко. Неговата единствена издадена книга, ги руши рекордите на читаност. Неочекувано, пред да настапи зимата, во седум часот и педесет минути, Истанбул го засенува најголемата трагедија во историјата. Додека владата се обидува да го спаси градот од пепелта, почнуваат да се навраќаат прашања од минатото. Вистината за мртвиот Осман Џалал, деталите во објавениот роман, исчезнувањето на девојките од брегот и една од најдлабоко закопаните тајни во подземјето на Византион. Седум часот и педесет минути е продолжение, со испреплетени два поларитети на градот – истанбулската елита и дупката на Мраморното море од каде што се раѓа трговијата со органи. Како и тајната реликвија на Ватикан, стара илјадници години, покриена со брановите на Босфорот. Богато разјаснувачко завршување на митот за Камила Џалал, кое само по себе отвора историски прашања на кои овој роман има деликатен одговор.

Babam Boğaziçi cover
историска фикција, психотрилер

Babam Boğaziçi

Karina Yayınevi (2022)

Достапност: Достапна онлајн на DR.com.tr и Amazon.co.uk. Турско издание достапно само онлајн во Турција.

Babam Boğaziçi Kitap Açıklaması Biri 19. Yüzyılın sonlarına doğru, diğeri 21. Yüzyılın başlarında, Osmanlı Devleti’nin sona ermesi ile çağdaş dünyanın yaşanmakta olduğu zamanlarda, ilk bakışta farklı görünen iki ayrı hikâye yaşanmaktadır. İşine bağlı bir dedektif olan Kamila Calal, rahmetli eşinin ölüm nedenini araştırıp aydınlatmak amacıyla İstanbul’u âdeta karış karış dolaşacak, araştırılmayan tek bir semt, tek bir yer bırakmayacaktır. Kamila Calal yine, hayatında meydana gelen sayısız olumsuz olay neticesinde İstanbul Yıldız Sarayında Osmanlı Sultanının etrafında bulunan önemli kişilerle samimiyet kurmaya başlamış genç bir kız olarak karşımıza çıkmaktadır. Saltanatın sonu yaklaşmış, Sultan Abdülhamid Han Hazretleri’nin tahttan indirilmesi yaklaşmaktadır. Diğer yandan, başka bir zaman diliminde Boğaziçi, koskocaman şehrin ışıklarının sönmesine sebep olan ve İstanbul’u karanlığa mahkûm eden seri cinayetlerin katilinin peşine düşmüş vaziyette. Aynı adı taşımakta olan iki genç kadın arasındaki ortak nokta nedir?